растеж (м.)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тие не го претставуваат адекватно променливиот терапски процес - растежите и падовите на авантурата наречена терапија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тука е нивната грешка во сфаќањето на картузијанскиот субјект како ултимативно антропоцентричка идеја, додека всушност со растеж на картузијанизмот и со него поврзаната коперниканска револуција, субјектот ја губи својата вкоренетост во природата како и своето средишно место во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Со пречекорување на границите на јазикот цел, со трансформирање на оригиналниот текст од изворниот јазик, преведувачот го проширува, го зголемува, му овозможува растеж на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Суштеството беше слабо, испиено од неможноста духовно да се развива, изнемоштено од притисокот на лошите етикети, себеосудувањата, кои што преставуваа пречки за растеж.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Можеби, тоа е висина на духовен растеж до која сѐ уште не сум стигнал, но јас, ако задоволството од прочитаното, виденото не го споделам со други, се чувствувам како да не сум исполнил суштествена обврска.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Понатаму тече еден вид растеж во стремежот на постоењето, а тоа е достигнување до петтата димензија, со која ќе се заокружи денешниот вид на постоење на материјата, како форма.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Пасивност, од хаосот на мислата, што стоечки ме убива... Го победив моралниот растеж...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Непрекинат растеж на инспиративна приказна со величествен крај...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)