растегнат (прид.)
— А, мори златна? Ќе а гушкам шо ќе ми правиш? — и се обрецна тој на месечината и му се стори оти таа ја растегна повеќе, и онака растегнатата, крива уста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Прочуениот жонглер Август Рцман ви ја претставува својата точка со пет запалени факели, горе, на жица, растегната од крај до крај на големиот циркус „Олимпија“.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Растегната помеѓу иронијата и тајниот компромис, Дишановата уметност се протега сѐ до „јазикот“ и „однесувањето“, за да може да ја истакне (потполно лаички), сопствената идентификација со животот, со постоењето и состојбата на човекот, постоење и состојба двосмислени и неразбирливи, преоптоварени со значења и вредности, но, истовремено бесмислени и парадоксални, со надареност и потсмев подарени од претпоставениот и мошне скриен Творец, кого уметникот неодредено го имитира. превод: Леа Марсел Дишан: Илјада струни 202 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Вардарецот како нож... и крвав месец над градот што броди по бел облак растегнат како греда од Водно кон исток...
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А, сега, што? Сега можам само да се држам за пенисот во растегнатите стари пантолони и, место на повеста, да мислам прескакулица на сѐ и на сешто, но на ништо стамно, да мислам на Тери-Трајан, мојот пријател од детството, кој овие сега износени, но и тогаш подносени пантолони, ми ги даде во Гери, Индијана, при една моја посета таму, мислејќи дека ние на Балканот сè уште немаме асално да се облечеме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)