распрснува несв.
распрснување ср.

распрснува (несв.)

Високо во воздухот се распрснуваа тробојни ракети, се раѓаа со татнење и умираа треперливо и шушкаво во изгаснат лак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште малку, говореше. Уште малку, малку, малку... И гледаше: врелото олово удираше во сивите ѕидови врз него, распрснуваше малтер, стакло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Целата зградичка на пиланата напросто проигруваше од она поројно заплиснување на водата, што сега можеше да се слева по шупливоста од буката и да се распрснува, удрена во коритцата од турбината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ајте сега, господот ваш, обидете се ако ви држи...” им велеше на луѓето кои стоеја со копачките да му ја срушат; тие кога ќе ја видеа пушката, се растураа и пак се враќаа; тоа со месеци го чинеа: идеа со копачите, вртеа околу куќата и пак се распрснуваа кога ќе го видеа Бандо со пушката; се обидуваа и ноќе и дење, но тој секогаш беше тука: стражареше на мазгалката и ја вртеше пушката кон нив.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Заедничката тага на културата што изумира се распрснува во мали единечни таги, во парченца семеен живот, во мириси на стариот мебел, во кревки импресии за мистеријата на индивидуалното, во претопени симболи на изгубената сила, во декадентни блудничења и идилично – сентиментални описи на природата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Уште пред да се пресмета каде, кога и како ќе биде убиен големиот деспот, на 5 март во 1905 година, во рацете на еден преусвитен атентатор, некојси Киндеријан, се распрснува бомба од чии шрапнели гине, меѓу другите, и Кристофер Микелјан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со дождот паѓаат и крвави птици и се распрснува писок од кој и мртвите умираат по вторпат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
до госпоѓицата осуденик допираат само крпчиња пареа од одалечениот свет- бледите испарувања се распрснуваат низ шумата- нема каде да се оди- за госпоѓицата осуденик нема ни најмало патче- таа всушност и не постои- дише чекори зборува дури се храни и води љубов но животот прекинал со неа ни здивче ветер- во шумата сум- во салата сум-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лесно му е на Филип кој громогласно, незбунето се смее, и кога скапата порцеланска ваза му се лизнува низ раце и се распрснува во стотици парченца.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се слуша, толпата се распрснува низ улиците, барајќи засолниште.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во далечината заоѓаше црвеното око на сонцето, а облаците се распрснуваа на сите страни како изгубени стада.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како што капките ритмично се распрснуваат, копијата на Леонардовото блокче со цртежи на вирови се материјализира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Утробата на Креклајт се распаѓа а неговите животни соништа се распрснуваат среде физичката убавина која ниту режисерот ниту снимателот не се обидуваат да ја намалат, туку ја слават.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во едно интервју во Лондон, во еден од моите ретки луцидни моменти, реков дека разликата меѓу она што Бароуз го прави и она што јас го правам е во тоа што Бароуз едноставно ги лепи работите на хартија додека јас сѐ распрснувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во снегот пред нас се распрснуваа траги. Дека се волчи ни потврди далечно завивање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Приредбата заврши со доаѓање на Нова година - во бело облечена, со светкава дијадема во косите, насмевната и среќна - а над плоштадот се распрснуваат разнобојни ракети...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Забрзувањето што го добива куршумот кога ќе се изврти низ цевката, барутот што се распрснува, пробивноста на забрзаниот метал со заоблен врв во однос на другите текстури, особено месото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како ли им е на душата, си мислам на оние дваесет ополномоштени бирници, од кои секој со по дваесет души на коњи, кои се распрснуваат да го збираат харачот, знаејќи дека во август веќе треба да се вратат кај господарот и да му избројат до пара осумстотини и педесет илјади дукати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Капките многу силно се удираат од ламарината и се распрснуваат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе