распространетост (ж.)
Имаше основа да верува во нејзиното постоење и од распространетоста на приказните, според кои многу оружје од годините на војната, кога секое дете можело да дојде до пушка, останало скриено во планината, по колибите и по старите, шупливи буки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но културните практики си имаат и сопствени особени составни делови, кои не се совпаѓаат сосема со опсегот на секоја демографска група посебно и нивната распространетост кај популацијата не ги следи точно цртите на разграничувањето – кои и самите се изразито размачкани – кои ги бележат меѓите помеѓу различните заедници или различните општествени колективитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Изучувањето на општествените практики, на естетските практики, на стиловите, на вкусовите и на чувствата – анализирани за да се разоткријат нивните внатрешни структури, формална логика, културно дејствување, значење и распространетост – би можело да овозможи алтернативен и свеж пристап кон човековиот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)