расположен (прид.)

Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не бевме расположени да се расправаме и со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Петко се врти кон пенушката. Задоволен е што знае повеќе од другите и расположен е да објаснува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште две чаши, мис? Вие сте расположена и само се шегувате.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очигледно - расположен беше. Сашка трепетно зачека.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој веќе цврсто беше решен да не го отстапува станот но не беше расположен за карање и расправии.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Влегува учителот, но не е како вчера: расположен е и разведрен во лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беа најадени, топло им беше, а сепак не беа расположени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Овој цврст човек, овој секогаш за шега расположен маж, сега не личеше на себеси.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Живее кај една моја роднина наблизу, - брзо ѝ реков, со груб глас, за да разбере дека не сум расположена за натамошно распрашување.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Велат дека брои околу 80.000 жители и е расположена амфитеатрално.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Борис, Словенецот, често говореше. Беше малку расположен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Капката „боровицка“, чешки специјалитет од боровинки, сите нè освежи, во нас проструи нов живот и така расположени го продолживме патот кон Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира, тоа при особени случаи, кога беше расположен за шеги.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа попладне за среќа бев одлично расположен зашто чичко ми ми дозволуваше сѐ што ќе посакав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ѕурам бледо во неговото заруменето, растегнато лице, но тоа не му пречи да ја продолжи тирадата: - Таа беше типично мазохистички расположена особа, која сакаше да ми ги пренесе своите ставови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако го видеа расположен, зафаќаа разговор за козите или бараа нешто да им прочита за нив од татковите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа во тоа време беше многу непријателски расположена кон сите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе