распарува (несв.)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„А ти сѐ така моќен и бесчувствен ги распаруваш облаците!“ му се обрна во мислите Бојан на моќниот карпест врв.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа е знаменитата и монументална Келнска катедрала, која, со своите кубиња, високи 155 метри, речиси и ги распарува облаците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Уште недонесени ги распарувам од опашката кон главата: им ги туркам со палец цревата, им ги вадам меурите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мој Боже. Го гледав како го распарува својот излитен ковчег со швајцарскиот војнички нож.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Под неговата зашеметувачка светлина ги распаруваа стомаците на розовите риби од езерото, донесени да се изедат тука, како сеќавање на првите христијански симболи, тие далечни риби пред да се покаже крстот, тие анадолски агонии на одминатите векови сега беа само одѕвони на далечните спомени.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Дали помисли и тој дека целата вселена е само една мрежа, творба на еден голем, вжарен пајак сонце што го викаме, светило денско, не сфаќајќи дека сме фатени во нешто што лесно се кине, најлесно на светот, во ткаенина што се распарува само со еден конец – вистинскиот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека разгледуваше наоколу како слепа жена којашто го бара котелецот од кој ќе почне да го распарува чорапот, се чувствуваше изгубено.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се гледа јасно како едното
се распарува, чуден распар
и полутката е далечен сон пред него
па табу
па таен копнеж
па опседнатост
па нова причина за преселби
пуста желба, утопија
се топи во свеста
како грутка шербет
слатка смрт !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Попусти беа моите обиди. Постојано се распаруваше нешто во мене.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Светлината се лизгаше од левата на десната страна и пак се враќаше назад во согласност со ритамот на звукот што го произведуваше некаков спој на неонката над мене и ја распаруваше тишината удирајќи ме во темето со тежина на олово.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мажите пушат, криејќи ги цигарите в шепа. Распарувачки воздивнуваат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во земјанката молк. Сал прскање на искри се слуша и дишење долго што распарува гради.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)