раскажување (ср.)
– Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Суљо почна да раскажува надолго и нашироко, а Великиот везир почна да се нервира од долгото раскажување, но гледајќи го заинтересиран султанот, и тој внимателно слушаше: – Ете така Падишаху.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Живото раскажување влеваше бодрина во настроението на Арсо и некоја убава топлинка струјкаше во неговото тело. ...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во главата му се преплетуваа сцени и ликови од раскажувањата на Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таму тој остана сѐ дотогаш додека учителката не го заврши раскажувањето на убавата приказна што ја имаше подготвено денес за децата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Таа веродостојност, писателот ја потврдува, и со наведената литература која ја користел за создавање на своето дело, какви што се спомените, записите и биографиите на Јаворов, Пандо Клјашев, Анастас Грчето, Ѓорче Петров, потоа раскажувањата на писателот Ѓорѓи Абаџиев и на некои илинденци и учесници во востанието.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Минуваа денови во патување и во интересно раскажување на пилотот Васе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Гледам, - рече учителот, - содржината добро сте ја научиле, но јас не сум наполно задоволен од вашите раскажувања.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некои вистински настани од ајдучкото, од комитското време, низ раскажувањата на дедо Иван или дедо Димо, веќе звучеа како легенди.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Слушајќи го раскажувањето на Вера чувствував дека и јас безгласно плачам со горчливи солзи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога Ели ќе заспиеше мама раскажувањето го прекинуваше, често и на половина збор, ја припокриваше, и неа и мене, нежно допирајќи ги покривачите, или ќе нѐ погалеше по косата. Од собата излегуваше на прсти и ја оставаше сосема малку подоотворена вратата, Ели да не се разбуди во сонот... ***
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во постапката, пак, ја пренесува ретката Бабелова умешност за вплетување на анегдотата во внатрешниот тек на раскажувањето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Влада Урошевиќ уште на почетокот на својот текст „Едно име: Живко Чинго“ го открива својот впечаток за прозата на овој автор: „Кога ги читаме расказите на Живко Чинго честопати имаме впечаток дека присуствуваме на усно раскажување.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Да се потсетиме само на неговата приказна „Среќко од Роринг Кемп“ па ќе видиме како нејзините основни текови се извонредно блиски до раскажувањето на Чинго.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Брзо ќе го продолжам раскажувањето, затоа и нема да се извинам што прекинувам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако ѝ се поверува на последната прикаска како на неоспорна вистина, случајот со коњот што љубел вино е сосема поинаков, речиси дури и понеобичен отколку во другите раскажувања.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога завршив со раскажувањето другарите молчеа со подотворени усти.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Обично ме моли и ми се умилкува за да ме наговори на раскажување.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)