расеаност ж.

расеаност (ж.)

Можеби затоа што книгите се природно населени низ целата куќа и нивното присуство, во стариот кујнски шкаф, на пример, каде што во расеаноста на предвоениот мебел се потпираат еден со друг двата „народни готвачи“, петте тома од илустрираната сликовница за исчезнати цивилизации „Симфонии во каменот“, е сосема обично.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Способноста да се седи при машината за пишување со часови без расеаност, секако дека е корисна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поради вродената расеаност, тој им дозволил да залутаат на многу различни страни и да водат самостоен живот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Френк ги забележуваше малите нешта, на кои неговиот брат, поради расеаноста, забораваше да им обрне внимание.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)