разувери св.

разувери (св.)

Му ги покажав празните дланки да го разуверам, но Генералстап му се доближи, како перце го дигна од земја и го однесе в соба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можеше да најде збор, да ја разувери.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Еве, - рече Шишман за да го разувери до крај и ја отвори кутијата, му ја покажа отворена, го заигра камчето внатре, кое сега во отворена кутија не тропаше толку примамливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш никој не можеше да нѐ разувери во нашето верување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А авторот токму во тоа сакаше да го разувери. Колку што ќе успее.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се обидов да го разуверам. Спомнував некои од моите негативни искуства како резултати на избрзани решенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другите луѓе, кои се обидуваат да ги разуверат во тоа кои тие навистина се, ним им изгледаат како завидливци кои не сакаат да им го признаат значењето, или како затапени суштества кои не можат да ја видат реалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никој не може (па колку и да настојува тој никој) да го разувери дека надвор не врне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)