разредува (несв.)
Затоа и не забележа. Колоната полека заостануваше, се разредуваше и нескладно се збираше а во својата безгласност на стара хармоника со закана шушкаше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Арматурата во нозете попушташе, клепките бабреа и ја разредуваа светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Турците непрекинато напаѓаа. И востаничките редови почнаа да се разредуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И само се разредуваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А маглата, ту се собира, се затестува, ту се танчи, се разредува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Додека мразот на непокорниот човек го стега умот со преголема доза на страв, мекоста на твојата верба го разредува и го разблажува туѓиот страв – смирено зборуваше старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Потоа мракот почна да ја губи својата густина, се разредуваше добивајќи бледо руменило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Три дами во црвени чевлички на танцовиот подиум ја разредуваат темнината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)