разно (прил.)
Времето си врви, работи излеваат секој ден, се нови и нови, умишча разно разни, ами, коа тој шо рекол, „шо ќе биде есенва — нека биде вечерва".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некои од нив се послужија со разно ѓубре од буништата, та дури и со изметот на воловите и коњите што се наоѓаше по сокаците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потоа срипаа проповедници на разни религии да корнат коси дека бракот е од Бога изумен како заедница на мажот и жената, те само на мажот и жената, ни под разно на мажот и мажот или жената и жената, уште помалце на жената и мажот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)