разнесе св.

разнесе (св.)

А Неда, носејќи го на раце лесниот товар, силно офкајќи, се качи по ретките високи скали, гологлава... Нова стихија разнесе плачој.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се разнесоа две силни експлозии и се крена висок столб вода.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од сите страни се разнесе громогласен, здрав младински смев.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ене, да се увериш. Ене, Крчо каде си и носи парталите кај сестра му. — И се разнесе едно танко — „аха ха иии ихи!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште од рано Деницата излезе јасна, како солза, и со своите искри разнесе на сите четири страни вест дека овој Велигден ќе биде насмеан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гласот се разнесе по село како молња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грмотевицата се разнесе низ ноќта, се одби од долот и се изгуби во празно, пискотливо ехо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чуму си црна јаловице Умри, Врз каменот името ќе ти го напишат Дождот ќе го разнесе Дождот ќе го разнесе Земјата да ја нахрани.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
После пак ми пророкуваше: едната нога ќе ми ја разнесе динамит, ушите ќе ги изгубам в битка со овчарски пес, љубоморен човек ќе ми го ископа бубрегот со нокти...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се разнесе тивка музика.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од топчето се крена мал син пламен и - се разнесе грмеж.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се разнесоа песните за Антица, за Деспина, за Караѓуле и за други охридски мераци што копаа по срцата и ги разигруваа до поулавување...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нешто оживеа во него и бодрина се разнесе по жилите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ние се заколнавме да загинеме заедно со оние што ги разнесоа бомбите. - Е, ние не загинавме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да беше со мене барем уште еден човек, додека оној се чиктиса право кон мене, и кога сакаше да ме разнесе со своите секачи, сандакон сега немаше да ни биде празен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По истрелот, кого снежните ридови го разнесоа како весел одзив на сите страни, беше доцна и за Змејко да помисли дека ќе пука уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе