размислува несв.
размислување ср.

размислува (несв.)

Размислувајќи ги овие зборови и друзи ноќта, Силјан уште во темни зори ја праштил в град и си ошол на еден ан кај што си одел секогаш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Праќаат некаква луда жена за да ја растури мојата среќа, мојот живот… (Оди кон вратата што води кон балконот, ја отвора, ја разгледува и размислува) Ете, откаде ја качиле на балконот…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Копав без волја и размислував што убаво нашол Кузман во подземниот живот. Но копав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Истрчав на улица размислувајќи како да му објаснам на Пенча дека црна мачка не можам да најдам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас така размислувам, кога тој се исправи и - што да видам? Да не ве излажам, ама уште колку за цела глава повисок од писарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од тој ден Доста почна да размислува сѐ подлабоко и подлабоко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што ќе било понатаму со нив, таа уште беше многу мала да размислува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги гледаше своите раце, размислуваше; потоа пак ги побара нивните очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот се клати пред коњот. Само понекогаш ќе се заврти наведнат за да ги види зад колата босите нозе и ќе воздивне. Не од тага. Од замор, од тежина на жегата. И пак продолжува да размислува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Умеам да размислувам и да откривам излез и од натешката ситуација. Бар до тој ден умеев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И да размислувам: дали влажната белина на пролетните јаболкници го лекува очите и дали росата може да го изгасне врелиот пепел во човечкото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Најспокојно размислував во движење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ти, црнечка свињо“, преведуваше во себе и размислуваше, знаеше дека нешто треба да стори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И така размислувајќи дали Анѓа не ќе приписка кога ќе го види та да го издаде, се прогледа на дното на улицата еден голем конак со високи калиња околу него и тешки порти затворени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мигар ги немаше дотогаш ни слушано, а камоли да размислуваше за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Размислува, бара. Напнато, конвулзно. Знае: сега или никогаш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тажен, разочаран, бесен, лежеше и размислуваше. Но ништо не можеше да смисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Лежеше и пак си мислеше и размислуваше. И очекуваше нешто.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе