размава (св.)
Како што беше размаван, така викаше, фрлајќи зборови меѓу две удирања: - Луѓе... . Народе... . Бегајте! ... Јас сум готов...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Езерото се размавтало и размавало и капки од брановите што си ги кршат главите од бетонот на крајбрежната тераса удираат во прозорците и ни го замаглуваат видикот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)