раздалеченост (ж.)
По тие часови почнав да откривам и нови чувства кон таа жена, и покрај свесниот отпор што ме држеше на раздалеченост од неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Освен неколку крупни кадри, поголемиот дел од сцените е компониран во широкиот лак на масата за вечера и плановите на кујнската послуга, кадешто е остварена раздалеченоста и контролирано растојанието.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Раздалеченоста како маниристичко средство и знак за сублимација често дејствието на долгометражните филмови на Гринавеј го одвојуваше од поширокото прифаќање на гледачот, од вообичаената наизменична смена на психолошки убедливите кадрови кои осигуруваат непосредност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ниедна култура дотогаш во толкава мера не се обиде да ги оствари своите ботанички, анимални, биолошки, географски, геолошки црти - или барем не од толкава раздалеченост од земјата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не мислам на нашата раздалеченост од личната несреќа што му се прелева секому на претек а нејзиното прелевање никој нема сили да го предвиди и да го спречи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од оваа раздалеченост можам да речам дека во нејзиниот случај стануваше збор за некој вид воздушеста збунетост!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ми се открива уште една поединост (без да трагам по неа): разговорите за смртта звучеа многу пообично сѐ до оној момент додека беше поприлична раздалеченоста помеѓу нас и собата во која лежи мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Без таа раздалеченост произлегува дека нашиот турист на Пелистер не видел ништо“, ја заврши вујко ми приказната.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Само едно: дека треба да се наоѓаме на пристојна раздалеченост од објектот за да можеме да се залагаме за вистинитоста на она што го тврдиме!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
За своите појавувања секогаш избира место на прилична раздалеченост па нашите разговори наликуваат на довикувања од рид на рид во кои по правило одделни зборови се губат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Комисијата за избор ја интересираше формата на градите, нивната тврдост или мекост, нивната подигнатост или спуштеност, потоа должината и формата на брадавиците; должината на нозете од горниот дел на бутот до колената, и од колената до петиците, раздалеченоста на нозете во горниот дел на меѓуножјето (посебно беше важно дали има таму триаголниче за ѕиркање од другата страна, за ѕиркање однапред или одназад, сеедно).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)