раздалечина ж.
раздалеченост ж.

раздалечина (ж.)

Кога се доближија колку на еден метар раздалечина, како по договор застанаа и децата, застана и Мартин.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
При оваа раздалечина постојат бројни можности за нестабилност и хаос, коишто во разни форми се појавуваат во сите големи машини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пустините и калифорнискиот песок секако дека најнапред предизвикуваат шок, но дури кога тој ќе мине настапува оној другиот сјај на патувањето, сјајот на претераната оддалеченост, неизбежната оддалеченост, бескрајот од безимени лица и раздалечини, или со одредено чудо создадени геолошки формации коишто всушност не сведочат за било чија волја, а притоа ја чуваат недопрена сликата на пореметувањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Слично на колапсот на темпоралните раздалечини, што можеме да го следиме во електронскиот трансфер на информации, постои колапс на концептуалните раздалечини низ спарување на носталгичното или фамилијарното со футуристичкото или туѓото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Усните преданија, како што ти е познато, на таква временска раздалечина, не се некој извор на кој можеш да се потпреш“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)