разгради (св.)
Додека Едо буричкаше во моторот на колата оставена во дворот, му дојде жената на капетанот, бидејќи нероткиња, комишиите ја викаа Јаловицата, крупна, силна во нозете, со градите подвиснати бидејќи немаше градник, разградена со цигара во раката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пци глутници гробиштата ги ископаа, моштите на монасите ги изглодаа, ги раскостија, со нив се нагостија. Сетне, плочите ги разградија и ги продадоа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Па лозјето нема ограда. - Го разградиле. Зар некој ќе го чува?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)