развиделува (несв.)
После се развидуваше, а тие тројца, пред да навлезат во шумата, се обѕрнаа уште еднаш да го видат селото и не видоа ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колку повеќе наближуваше пладнето, времето се развиделуваше.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Веќе почнува да се развиделува и нешто црно како ѓумче, како котле се покажува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Започнуваше да се развиделува, но матно; селото имаше изглед на вештачки декор, на кулиси поставени за драматика, за морници.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)