разбуричка (св.)
Подводното чудовиште се размрда за час, а водата се разбуричка. – А – ха ... вие сте од тие јунаци што сте се кренале мене да ме уништите ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Земи го ова стапче, разбуричкај низ тревата, размавтај и сѐ што е живинче: змија, гуштер, глушец, оса, еж, - сѐ ќе избега. Потоа јагодите се твои.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Топлиот воздух од Катините гради и чувството дека таа живее кај бегот му го разбуричка и умот и стомакот и тој уште сред црква поврати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Разбуричка по старите работи и пронајде пепелав фустан, скоро како нов, што го носеше пред да биде расипана од агрономот во гаковските угари. Споменот ја допре како студен здив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Деспина ти е на ред, а колку што заушувам ѝ се чакнуваат очите со на оној што ја накитил така убаво книгата за пред Одборот! и на овој дел гласот на Пелагија како да ја разбуричка крвта во образите и на мајката и на ќерката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)