разбеснува (несв.)
Јас сум, значи, нешто што го разбеснува овој глекав човек преку кого што сивото карирано палто виси како на закачка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Што тоа?“ праша покорно Петре, ама за несреќа, пак се потпре на болниот колк што неа многу ја разбеснуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ги разбеснува самата помисла
дека народот може да се обедини
околу една идеја.
Околу златниот пресек
на крстот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во набрзина направената кујна таа готвеше само за нејзе и Томо. Ваквата постапка ја разбеснуваше Ружа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)