работничка ж.
работнички прид.

работничка (ж.)

Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш ме касна змија, знам дека лошите работнички ги водат во полоши логори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како работничка и надгледувачка во одделот за ферментација.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Оттука, досието на работничките права, како составен дел од човековите права, е исклучително лошо и фрла сериозна дамка врз севкупната состојба со човековите права во нашата земја.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од 1998 година се овозможи работничката на породилно отсуство да се врати на работа, „ако сака“ (!?), пред завршувањето на своето породилно отсуство (чл. 1, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во Република Македонија работничките права во претходните 20 години драстично се намалија преку промените во законската регулатива, а многу од правата кои и понатаму фигурираат во законските акти не се почитуваат.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, и тука работодавачот потфрли при почитувањето на работничките права па, освен неисплатените придонеси во ФПИОМ, не му исплати ниту испратнина, за што Авдиќ повторно тужеше и иако има добиено судска извршна пресуда, таа сѐ уште не е испочитувана и сумата не му е исплатена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оштетената работничка, после добивањето на спорот, заедно со останататите оштетени работници/чки, доби право да се пријавува во АВРМ по основ на прогласување за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Денес робовите не добиваат ни пари за хранарина, а газдите ги тепаат со пиштол алудирајќи на охридскиот штотуку полнотелен газда кој со кундак ги млател работничките у текстилната фабрика што му барале плата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имено, со константна посветеност, сите досегашни влади без исклучок, и оние предводени од СДСМ и оние предводени од ВМРО ДПМНЕ, ги намалуваа работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во консултации со работничката, а во зависност од ризикот по нејзината безбедност и здравје, работодавачот мора да воведе мерки за заштита на бремената работничка, работничката која неодамна родила или дои, за отстранување или намалување на опасноста од: (1) неповратни ефекти; (2) предизивикување рак; (3) наследни генетски оштетувања; (4) предизвикување штети на нероденото дете и (5) предизвикување штети на исхраната на детето (чл.15 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Работничката ова право може да го користи во најмногу три дела, а доколку повторно забремени, не го губи правото на надоместок на плата по основ на бременост, раѓање и родителство (чл. 2 од ЗИДЗРО/дек.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Покрај ова, неопходно е работничката класа да добие свој политички глас во институциите на системот, автентична работничка партија која ќе биде гласот на работничките интереси во рамки на сегашниот систем и која ќе работи на подигнување на класната свест, со барања и ставови во кои работниците ќе можат да се препознаат и да учествуваат во нивното формулирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)