пушач м.

пушач (м.)

Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Зинати, небаре не виделе пушач. Учете! Еве, вака: да си маж, вистински маж...“ се обиде да испувка тркалца, ама не му успеа. „Татко ми може“, рече Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Претседателот на Дисциплинската комисија не е пушач, има намрштено лице и видливо нестрплив поради што често го проверува времето на својот рачен часовник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како пушачот кој од прибор имал само апетит и два прста да ја држи цигарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако дома имаш пушач, плаќаш бајаги поголемо осигурање за куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Па јас бев пушач 14 години, кој да ве разбере ако не јас?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ги отпечати расказите и со Зипото кој иако беше непушач секогаш ја носеше со себе, за пријателите пушачи да не ја прекинуваат сред збор нервозно буричкајќи во ташната и реторички извикувајќи „абе кај ми е упаљачот?“, потпали убав оган.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Просто бев шокирана. Од каде запалка во мојата ногавица, кога јас дури и не сум пушач.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Имаше видено како пушачите го прават тоа; но не знаеше зошто го правеа, можеби тоа беше само гест, еден од маниризмите, што беше структура на ритуалот на пушењето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од присутните мажи на масата, пушач е само ликот од првата слика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)