пустош (м.)

Па сега сум море каде пустош тлее и солза сум само в зеница истината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Пустош во тој почеток и тој крај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа колоната несигурно одеше и со крваво око го мереше камењарот, сивата свирка на нероденоста, пустошта и голотијата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тоа време, козјачките селани, иако единствени против окупаторот, се двоумеа, не можеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А тој беше глув и не беше како многуте глуви јак и спремен да го одбрани своето постоење. Сѐ. Почеток и крај. И пустош.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Душата ѝ ја исполни бескрајна празнина, пустош.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со каква пустош во душата стигнав во градот на моите мечти?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И во тажно чадливата пустош се отиснуваа сцени, живнуваа ликови болно јасни и од тоа го болеше главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Минатото е пустош, а сегашното е толку жалосно и достојно за презирање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во свеста се отвори пустош и во нејасна далечина се топеше озлоочената сала.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Набргу можеше да ја сети дури и нивната погана, отровна миризба на една дива глад и излинеаност, на некоја чудна жилавост и изгубеност во таа бела пустош.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она не беше само впечаток, туку и една вистина во која наеднаш се најде; она во кое како да паѓаше сѐ, зад што беше скриен, оставајќи го гол кон една таква ѓаволска пустош наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А и на многу други настани, за кои знаеја и помлади луѓе, како што бил пожарот на некоја Ѓурова колиба, кога изгорело целото стадо па стопанот умрел од мака, па некоја зима кога волците направиле пустош по колибите, кога многу стада биле преполовени или сосем уништени, па нивните стопани ја напуштиле планината и никогаш веќе не го обновиле колибарството, - сето тоа и многу други случки, раскажувани по многу години звучеа како сказни, како измислици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти млад остана до денес не познавајќи ги ни болката на поразот ни пустошта на староста.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога се вративме молчејќи, скитајќи од една до друга пустош во душата, чувме прекрасна вест: спикерката на телевизија соопшти дека во Македонија узреале првите цреши.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кејтеновиот син стоеше сам, далечен, како некој бран, токму така како некој откинат бран, некој бран пустиник, како некој слободен и непокорлив бран стоеше сред домската пустош.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Владееше вистинска пустош.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
XVIII Северецот и Југот пак почнаа да се бијат над селото; луѓето изнапатени од нивните завери со кои правеа пустош, се ежавеа и ги колнеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Повеќе