пудла (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пудлица: вистинско нежно прекрасно суштество: куса глава, куса муцка, високо кренато чело, јадри очи со убави веѓи, долго влакнесто руно префрлено преку вратот и нозете како пелерина.
        
      
    
    
    
      „Прва љубов“
         од Јован  Стрезовски 
        (1992)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Правилата беа излепени со слики од секакви кучиња: пудлици, булдоци, добермани, јазовичари, волчјаци, териери, сетери, птичари, боксери и др.
        
      
    
    
    
      „Животраг“
         од Јован  Стрезовски 
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Гледајќи како го засака и како е умна пудлицата, Богдан се присети на своето куче од детството што им се роди и одрасна во куќата и кое го сакаа и одгледуваа како член на семејството, како човечко суштество, а не како куче.
        
      
    
    
    
      „Животраг“
         од Јован  Стрезовски 
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Еден ден, шетајќи низ градот, ја сретна Марија која ја шеташе својата пудлица за која Богдан посебно се грижеше во Пансионот и од Марија беше почесто наградуван.
        
      
    
    
    
      „Животраг“
         од Јован  Стрезовски 
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Што? Па вие не можете да ме дофатите и јас одовде можам вас како на Јуљка    пудлицата да ве дразнам.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 29-31“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На кого ќе праиме мониторинг после - му возврати Пудлицата.
        
      
    
    
    
      „Двоглед“
         од Горан Јанкуловски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пудлицата беше радиоконфузното чедо на Суруш.
        
      
    
    
    
      „Двоглед“
         од Горан Јанкуловски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Нели курвалукот е привилегија на модерното битисување? - промрче Пудлицата.
        
      
    
    
    
      „Двоглед“
         од Горан Јанкуловски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дамите со пудлици скришно гнетат  кромид, патлиџани и печени пиперки и тоа го  нарекуваат македонска салата.
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во борделите се закачуваат други болештини,  иако газдариците имаат пудлици и други миленичиња  кои влеваат доверба.
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)
        
        
    
    
   
   
         
	        