процент (м.)
А кој ќе ги плаќа тие пари и процентите од нив? – Пак ние.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Домаќини луѓе да се влечат по срезот, не го чинат кабул сето што ќе го продадат да е печалба, не само 40—50 проценти колку тие што печалат на продадената ракија, шеќер и друг бакаллак.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но, не секој во овие бројки, проценти, дропки, и се разбираше, како ни јас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Корисниците - и 10-те проценти на учениците од средните училишта кои барем еднаш пробале - се чувствуваат еуфорично, емотивно и пријателски.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Да се дозволи во Соединетите Држави скоро исто толку висок процент на уживатели на кокаин, крек, хероин и марихуана да биде присилен да се вон легалниот пазар, тоа значи силно развиено подземје во кое владеат насилство и криминал.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Некои американски анализи покажуваат дека голем процент од американските деца не прават разлика помеѓу секојдневието и телевизиската стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Набројувам дати, имиња, наведувам резултати од демократски избори во проценти, ги набројувам партиите на власт и оние во опозиција, имиња на лидери, настани, градови...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Над 30% од 15-годишни девојки веќе имале полови односи, што претставува изненадувачка бројка во споредба со двата проценти од 1979 година (податокот е од американските истражувања, но тој тренд може да се забележи и во останатиот развиен свет).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Таа заслужи процент од вкупниот доход за книгата што Енди едноставно одби да го земе предвид.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тогаш почна да чувствува најдлабок јад; залудно се бранеше зборувајќи дека тоа е судбина, случај, третина процент според статистиката, убава смрт...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа стапка веројатно и понатаму ќе расте, едноставно затоа што е во пораст, и јас се осмелувам да кажам дека наскоро ќе ја достигне точката од сто проценти.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Имаше голем процент на омраза и страв во мојата уметност и сѐ уште ги има ии ден-денес.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во претходниот квартал, според него, производството на врвки за чевли го надминало планот од десеттиот тригодишен план за цели деведесет и осум проценти.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога вчеравечер влегов во дуќанот, со иштав да купам пиперки, иако малку подовенати, што беше ги донел Чане, газдата, ставени во гајба, исправена пред влезот, во полната просторија го слушнав зборот „арондација“, токму Владе им го објаснуваше. И уште „продажба на странци“, „процент“ и „пратеник“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Каков процент?“, се вомјазив јас. „Процент“, се поднасмевна со наместена наивност, Пере. „Процент од продажбата“, рече. „За тебе, за в џеб“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За вакви проекти, обично има еден процент учество од Месната заедница, но во овој случај, јас ве ослободив од секакви обврски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Фер е Едо да има педесет и еден процент.“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценти извозна царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Џез коктели, вечер на сангрија – песни ќе се читаат кога клубот ќе затвори. (Во четири по полноќ овде има работа само за палеонтолози.) Џандарите пијат бесплатно или земаат процент од дилерот.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
-А, бре џепчињата се плитки како чамци, ама процентот на царината е висок како Кораб Планина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)