протуѓер м.

протуѓер (м.)

Како е снаа ми Петковица, децата? Како е коџобаџијата Трајко, попот Стево, како е протуѓерот, Злате полјакот и сете со ред в село?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури српскиот кмет, протуѓер и полјак носеа кокарди со двеглав орел — грчките со крст.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се наредија сите по старешинство. Најдолу, се разбира, Суло и Злате протуѓерот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не потраја долго, низ селото се разнесе гласот на селскиот протуѓер: - Еј, селани!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А Мефаил не престануваше да им наредува на Рифата и протуѓерот: — Ако ништо друго в куќа нема, пепелта од огништето ќе им ја исцрпите и ќе ми ја донесите овде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)