протури (св.)
На пример, кај галеристите и антикварите неверојатен бес предизвикува фактот дека некој фалсификатор успеал да го протури својот фалсификат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас со Зифел-жидот над педесет илјади минатата година лажни пари протурив, па него и го поткажав; сите пари со себе Јулка Шарпентје де Лусињан во Бордо ми ги однесе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Пристигнувањето на првите сојузнички новинари и нивните извештаи и репортажи од самото место влијаеле да се надмине времето кога Југословенската влада во емиграција и нејзините пропагандни центри успевале меѓу сојузничката јавност да протурат информации за „борбата“ на Дража Михаиловиќ и за четниците, игнорирајќи ги силите на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)