проткае св.

проткае (св.)

Наеднаш, преку негова волја, во зборовите му се проткаа непознатата тага и чувство за човек што му ја отрул душата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Долг, пискав сигнал за тревога. Звук, танок како жица, проткаен од прстите до врелите слепоочници. Добро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Наеднаш, преку негова волја, во зборовите му се проткаа непозната тага и чувство за човек што му ја отрул душата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми се стори дека перчињата коса врз неговото чело се од железо низ кое се проткајуват жилички сребро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова проткајување ни овозможува за првпат да ја видиме врската помеѓу философското барање за чистота, гледиштето дека жените на некој начин се непрочистени, подреденоста на жената, и „вирилната хомосексуалност“ (вид машка сексуалност која што Ева Сидвик ја нарекува „хомо-хомосексуалност“, јасно предочена со тврдењето на Жан Жене дека „мажот кој ебе друг маж е двапати маж“).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Пресекот на телевизиските производи се движи од извонредно реалистички, што снимателите ги создаваат целиот свој живот, до наједноставните наменско изрежирани забавни емисии, што се проткаени со вештачка искреност и карикирана стварност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Трансформацијата на љубовната афера со Летка авторот веќе ја имаше преболено или ја преболуваше, но за чудо, што обично не се случува, тие останаа добри пријатели на кои разговорите им беа забавни, средбите многу поретки но не прекинати и секогаш проткаени со хумор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа е раскажана во реалистичен стил со фантастични пресврти кои се третираат на рамништето на истата стилска постапка, во ист семантички код, стил во која преовладува природниот раскажувачки тон (на кој му веруваме) проткаен со ритмична и често римувана проза.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Бого Словени! Богословено! Во сите овие зборчиња, нанижани на една тајна вековна низа, се проткајува една нишка, еден одговор на вековното прашање: Зошто нѐ нарекуваат словени? ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Да се вплетка во него, да се проткае пајажинесто ширејќи ја својата прекарасна аура на бесконечното творење.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Имаше некаков израз на тага на лицето на Сем, продлабочен со каење и проткаен од трпеливото простување на познајникот кој не можеше да биде разбран.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го правеше тоа со притаена лакомост, со такт на искусна волчица која на гладта ѝ одговора со удолжување на времето до првиот залак, со блажен садо-мазохизам проткаен во игра, во ритуал на бавно приближување до жртвата за која, секој миг на исчекување да стане плен, преминува во вечност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нивните написи, по период од една и пол година, за првпат биле проткаени со оптимизмот дека воениот удар од 27 март 1941 година во Кралството Југославија ќе претставува пресвртница во војната, потенцирајќи дека југословенската војска, по формирањето на новата југословенска влада на генералот Душан Симовиќ, ќе може да му се спротивстави на можниот германски напад.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Потем, прегратката траеше долго и беше проткаена со солзи радосници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)