простум (прил.)
Доста се поиздиши уште подлабоко: Митра ја фати за раменици, по кроце, полека ја исправи првин да седне, па потоа полека, лека, ја исправи простум и држејќи ја за мишките ја поведе кон горни крај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Селото простум умираше: кола царевка не стигаше ни колку за една рогозина за закопнина, а килото тутун не тежеше ни колку кило сол.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нозете ги држеа одвај простум, а изморените раце им ги испуштаа алатите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пак легна и реши да не мисли повеќе на ништо. Вака простум да си лежи и да си ја залажува својата чувствителност со некоја песничка што му доаѓа сега во сеќавањето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Толе стана простум, и како што беше поткачен на ѕитчето, излезе за цел метар и повеќе повисок од селаните, та сега можеа да го видат, и да го слушнат и последните од купот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дедот се исправи простум. — Ти си Толе Паша шо те викаат?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите изнастанаа и простум го поздравија новодојдениот, наведнувајќи ги главите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И беспомошни во ова венење немо простум стоиме обата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
А не паѓам како што се паѓа, велам, туку онака, простум, како мачката што паѓа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мурад, сам и сиот соѕидан со перници, седеше сред одајата, а сите другите стоеја простум.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И сите простум му стануваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мораш да стоиш простум пред шпиончето од вратата, а оттаму постојано некој те гледа и во нешто те расколебува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стојам простум и гледам во шпиончето на вратата. Немам друго за гледање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Козарите стоеја простум, небаре и тие сакаа да учествуваат во епилогот на расказот. Ги гушкаа своите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Замина, нежен. Ќе издржам простум.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Со устите испукани, пришт, изговараа по два збора и остануваа простум на купот земја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)