пророчки (прид.)
И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувајќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Пророчки спокоен, чесен како ѕвездите врз себе тој се обиде да праша: кога, зошто?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Тоа е исто што и сатори во зен будизмот, мокша или самадхи во хиндуизмот, како и други мистички, пророчки и религиозни искуства на исток и на запад.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оваа преобразба на културата во моја култура за Бенда е токму она што го обележува модерното доба и го претставува неговиот незаменлив и пророчки придонес кон моралната историја на човештвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во историјата на хрватскиот народ пророчки стигматизации и визии имало мошне малку.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ако ја отворите Библијата, таму ќе ги најдете воскреснатите чеда Божји, меѓу редовите на светите писанија, во земјата своја библиска, како во пророчките сказанија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но успеа само пророчки да го предвиди отворањето на границата помеѓу Албанија и новата држава Република Македонија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Глеам дека и Саше Фактор Х поново се враќа на нашава пророчка сцена со неговите исклучително исцелителни способности кои не можам да му ги оспорам, али многу е скуп бе брате. 55 денара плус 18% ддв за минута не ми се даваат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)