пропише (св.)
Од овие со задоволство ќе те помилуваме под услов веднаш со искрено срце и со вистинска вера свечено да се одречеш, да отповикаш и пред нас да ги отфрлиш споменатите заблуди и кривоверства и сите останати заблуди и кривоверства, спротивни на апостолската и католичка црква на начин и во облик што ние ќе ги пропишеме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во меѓувреме, во овој универзум (го цитира својот некогашен ментор кожа крај кожа), ‘квантната теорија е пробабилистичка во предвидувањето на дадениот исход во некој одреден универзум, но е детерминистичка во пропишувањето на оној дел од сите универзуми во кој доаѓа до тој одреден исход’.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Работата почна приближно вака: револуционерните занаетчии на доцната ренесанса веќе не сакале да му дозволат на бискупот да пропишува „чесни цени“ за нивните производи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
БОЖО: Возбуден си младичу. Законски ти се пропишани апчиња за смирување.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Така се викале апчињата за смирување што морале да ги земаат поданиците на Месопотамија по распадот на сумерската цивилизација. Им биле пропишани од владата на национален спас.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тој што ги пропишува божјите заповеди
ќе ги состави и човечките
забраните се услов без којшто не се може
во Сенатот, Олтарот и Креветот
во Науката и Уметноста
без оглед на егзактноста
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тревките ги почитуваат пропишаните сезони, Реките не ги менуваат коритата на својата страст, А виното и понатаму лудува под жедните чардаклии.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
• 2007: пропишување обврска за работодавачот да обезбеди здравствени прегледи за своите вработени најмалку на секои 18 месеци с (Закон за безбедност и здравје при работа);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Впрочем некој ако држи в рака покана, тогаш тој се здобил со правата што во неа се пропишани.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сакам веднаш да додадам дека во случајов не станува збор за одамна познатите и многу успешно опишани девет кругови на Пеколот, туку за чудни барања пропишани од страна на човековиот ум со кои преку пропишан ред и утврдени правила се насочува однесувањето на поединецот во организираната држава и се одредуваат казни за непридржувањето кон овие правила.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Иако ниту Законот од 1996 година не пропишува поволна и соодветна операционализација на уставните одредби во однос на правото на вработените на учество во управувањето, тоа фактички е укинато по 2004 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
6. Формалните договори можат да бидат раскинати со неформална спогодба, освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да биде извршено во истата форма (чл. 60, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Постапката се одвиваше според законските правила пропишани за расветлување на криминални дејствија и ние бевме сосема изолирани.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Законодавецот овде повторно го заобиколил Уставот, кој пак јасно пропишува дека „Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.“ (чл. 34) и дека „Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, согласно со начелото на социјална праведност.“ (чл. 35).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така, се пропишуваат построги услови за избор на позицијата инспектор за труд.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Почнувајќи од 01.02.2015 год. надлежност за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен во инспекциска постапка има Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Сл. весник на РМ, 130/14. 38 48 до денес, беа и промените во периодот на нашата анализа, каде дојде до значителни и суштински промени како во висината на казните, така и за поведенијата за кои тие беа пропишани, а кои соодветно ќе ги разработиме. a) кај чл. 264, под кој се подведени оние поведенија кои се сметаат за „потешки“ прекршувања на правата на работникот дојде до интервенција, како во висината на предвидените казни (глоби), така и за основите по кои овие казни се пропишуваа: ● дојде до драстично намалување на глобите за повеќе од половина од претходно утврдените износи, како за работодавачите – правни лица и за нивните одговорни лица, така и за работодавачите - физички лица.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)