пропелер (м.)
Додека го посматраш бавното движење на перките на ветерниците кои личат на авионски пропелери, веднаш помислуваш на Сервантесовиот Дон Кихот, на Санчо Панса и на Дулчинеа...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На таблата искривени цевки, парчиња од различни мерни прибори, скршен пропелер.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во слаткарницата уште немаше никого, освен големиот вентилатор на таванот што веќе се вртеше како трокрилен пропелер на школски двокрилец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А вториот веќе и не допрашуваше ами повторуваше Дека сето тоа се само бабини деветини И дека со нова жена нови ќеифови се тераат Особено ако е како оваа еве што оди пред нас И подвртува со газето како пропелерче Во некоја берберница среде тукашните или мексиканските жеги
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
А ако минатото се повторува во иднината, дали некогаш луѓето пак ќе имаат опашки и дали преку викенд среќно ќе врткаат со нив како што денеска им вртат пропелерите на глисерите кинисани кон островот Сан Микеле во Венеција, на пример?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Кога ќе видиме, што ќе видиме: секакви трговци со пропелери под брадите, дебели мешишта во кои со крајни напори се одложува свеченото кркорење на цревата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)