пропадне св.

пропадне (св.)

Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Знаете ли што мислат тие што се за понатамошно спротивставување? – Едно, имаат надеж за замешување на силите; друго, се надеваат на конференција, и трето, велат дека ако не биде ни едното ни другото, тогаш ќе направат Турција економски да пропадне со долгото одржување голема војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Глава преврзана, Румке мори, со сина шамија, Румке, глава преврзана, лице овенало. Румке, очи пропаднале...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
НАЦА: Како ѓемии да му пропаднале. СПИРО: Како ѓемии по суво да влече, така оди.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чаршиите изумреа, дуќаните запустеа - пропадна, сичко прокопса занает златен - 'рѓоса
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Во главата му шумеа зборовите на командантот, а во душата го болеше: сета надеж, сета онаа одушевеност, со која што утринава дојде овде, пропадна и како да се потопи во матните води на блатото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Под црвната и маслена шапка меката светла сламена коса му пагаше преку стаоречките очи, длабоко пропаднати, жолти и полни со темни дамки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ех, вие беден народ... Ех, проклетијо... А Русија пропадна. Јас не сум веќе генерал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Однегде закукурига петел, и оџите како в земја да пропаднаа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вземи пропадна од срамови. Што да одговори, занеме, запусти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста жива вземи пропадна од срамови што си го пушти чупето само на училиште, ама веќе се стори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден кловн умре... На шеснаесетти мај 1936 година пропадна во Скопје еден Циркус.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се изгубија сенките, сѐ пропадна во темница, во оној есенски сон, опоен како мирис на босилек и длабок како мајчина тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се престоруваш земја и камен. И длабоко со тебе ќе пропаднат нашите грстови вода за да остане пусто ова распаќе без корени и без деца!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Овие кукавици! Не е уште сѐ пропаднато. Арсо ќе се бори со сите вас, само е потребно присебноста да не го остави сека кога настапило решително време.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Биди златотворец и сѐ што ќе допреш со рацете да се претвори во суво злато! - рече старецот и веднаш потоа го снема, како в земја да пропаднал.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога беше готов, стана. Удри со секирата еднаш, уште еднаш и третиот пат му пропадна внатре: стеблото да ти биде крублина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе