пронесе (св.)
Гласот за поповото одење кај Жиовчеви се пронесе брзо по селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја слушаше повторно далечната тажаленка на волчото завивање во ноќта и во она, што го чувствуваше притоа, со некакви сосема ситни мравки на морниците по сета негова кожа, што се пронесуваше како лазење од секој близок лелек на гладот, тој го најде првиот допир со својот гостин.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И кога оваа вест се пронесе по улицата со шепотење, славата на Фигаро почна да потемнува.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Ах, каква срамота! - се пронесе шепот низ гората.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А! а! а! не го ранел добро царот, не! — се пронесе смев од целата дружина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој не можеше да ја држи главата искривена и секој час му се пробесуваше де налево де надесно.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Набрзо, како трофеите на Херкулес, го пронесов својот плен кој толку лесно, знаев, никаде не можев да го освојам.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)