прогрес (м.)

Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со други зборови би биле осиромашени за размислата на творечката преобразба и визија, за смислата на прогресот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тешко се менуваа работите и по сталинското време, макар што постојано се нагласуваше дека сѐ што се прави е во името на прогресот, на промените, на среќата на луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Епизодата на пописот на козите е навистина антологиски извадок, а во исто време, постапката да се измами едно население во името на прогресот, лишувајќи ги овие животни од живот е толку монструозна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Самиот Гринавеј својата литературна предлошка толку ја модификува што тој на некој начин станува подобар или „подобар“, како што е случај со драмата THE DUCHESS OF MALFI (Војвотката од Малфи, 1614,) на Џон Вебстер која беше инспирација за ГОТВАЧОТ, КРАДЕЦОТ, НЕГОВАТА ЖЕНА И НЕЈЗИНИОТ ЉУБОВНИК, кадешто, како што тврди Шон Френч, „различните простории изгледа дека претставуваат различни етапи од историјата, едно архитектонско исмејување на човечкиот прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Социјалистичкиот кич прокламираше своја идеологија: братство и единство, интернационализам, социјална еднаквост и технички прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За нивните традиционални гледишта кои што сѐ уште се прифаќаат поради навиката и предрасудите се смета дека го оневозможуваат прогресот на човештвото кон подобро знаење. 76 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од една страна уметничкиот прогрес секогаш бил во непосредна врска со прогресот на науките и социјалните односи во едно општество.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од друга страна уметноста го негира прогресот како фикција со својата вонвременост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Идната цивилизација веќе нема да ја структурира дискурсот туку дијалогот - односно веќе не „прогресот“ туку взаемноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Извикуваа пароли во кои славеа прогресот на народниот дух, ослободувањето од дотогашните лажни вредности, викаа: „Да живее народната уметност!“, ги застрашуваа сите оние за кои сметаа дека не се декларирани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да сакаше да ги втаса морињата, со мислите, на патот преку реката, до бреговите на Америка, со надежта во враќањето преку потомците, пред да им го запрат патот градителите на новиот прогрес, производителите на новата енергија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Епизодата на пописот на козите е навистина антологиски извадок, а во исто време, постапката да се измами едно население е толку монструозна, во името на наводниот прогрес, лишувајќи ги овие животни од живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во една тоталитарна варијанта, прогресот беше претставен како мешавина на социјалниот дарвинизам, еугенизмот и науката за расата од крајот на XIX век и за создавањето на надчовекот, со цел да ја трансформира човековата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во XX век, империите на нацизмот и на сталинизмот, на советскиот комунизам, покажаа дека човекот не напредува, за други падовите се иреверзибилен знак на одењето напред, на прогресот; за трети таквиот прогрес претставуваше запирање на Историјата, со дефинитивната и непобедлива пазарна економија и демократијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа мисла ќе го обележи и индустриско време, материјалниот прогрес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да, животот е прогрес и во име на прогресот, овие стрелки треба да се движат, да означуваат движење кон напред, трансцеденција, моќ на заборавот над грозоморите на човештвото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сето тоа, според разузнавачот, се должело на вековното уназадувањето на народот, кој со векови бил владеен од другите држави „и сето тоа го забавило нивниот прогрес“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Љупчо подоцна му пристапи на Движењето за општествен прогрес, релативно голема опозициона група финасирана од неколку безобразно богати противници на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Според нив беше дојдено време да се види низ османското наследство, кое се покажуваше дека е тоа и балканско и дека во голема мера било жртвувано, особено во завршната фаза од агонијата на Османската Империја, се претвори, според тогаш западните освојувачки пропаганди во борба на цивилизацијата против варваризмот, на напредното против племенскиот примитивизам, на прогресот против ендемската заостанатост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе