провлече (св.)
Договорот беше таков - да го расцепиме платнениот ѕид на шаторот и кришум да се провлечеме внатре.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Над мене крцна прозорецот на глувиот чевлар потоа низ него се провлече модро лице со среќна зинатост под меките мустаќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нејзината светлост се провлече низ решетките на прозорецот, падна преку црната маса и простирајќи се по подот, се обиде да се прпне преку вратата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекота поинаква од зрела `рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А стариот итрец претпазливо се провлекуваше, готов да скокне секој момент.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако се провлечеш низ решетките, тие ќе стрелаат по тебе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не фолираше: се мачеше, беше жив грч и броеше еден, два, три, четири, пет, до илјада и двапати повеќе и пак сонот не можеше да се провлече под рампата на неговата свест.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од џамијата што го покажува својот остар врв зад ридот се провлекува молитвено виење. Време е, другари, време е!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Утрото се провлекува низ закнижените прозорци, блескоти по бледилото на лицата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Си ја провлекува раката на подот, ги напипува тркалезните студени топки. Има уште дванаесет. Чувај се сатано!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не се ни мачеше да им ги полни главите на сите други, но за себе си тој продолжуваше да знае дека тоа е само еден од начините на она старче да се провлече, да мине крај сѐ и меѓу сѐ, без притоа да остави нешто само свое.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А сега ако речеше нешто можеше да стане и кулачки елемент, и ситносопственик, и малограѓанска стихија, а таа врата е многу широка за влегување, но за да се излезе од неа би требало прво да знаеш да се провлечеш низ иглени уши.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше тешка, неподвижна снага, која не можеше да се провлече ни многу напори меѓу гранките, каде што инаку би му било потребно само едно потскокнување и едно префрлање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред очите му се провлече мрак, засветкаа неброени ѕвезди, како во најѕвездената јулска ноќ, а потоа исчезна сѐ...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Минавме една зелена полјана, една нива од која беше собран родот, се провлековме низ една ограда, а потоа под сенките на некакви дрвја со пожолтени лисја, дојдовме до тополите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дојде до кучето, клекна кај него, провлекувајќи ја раката низ неговата густа сива грива.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се замислија кајмакамот и бимбашијата, а веќе и мракот провлече.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таман провлече мракот, ене ти ги четворица луѓе одоздола по Бонечкиот дол; се влечкаат на десетина метра еден од друг, како волци во магла.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)