провикне св.

провикне (св.)

Па кога Кузман сред јарост и мака се провикна: ... „Бидете смели, о деца на Река! Нечесност не ќе нѐ плаши.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И Кузмановото тело се провикна за да го кренат .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Одеше по билата на ридовите, за да може да гледа и на едната и на другата страна, повремено ќе се провикнеше: „Ме, меее“, мамејќи го телето и очекувајќи да го чуе од некаде неговото мукање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— О! Добредојде, побратиме Толе! — со изненада се провикна младиот човек, подавајќи му ја раката на Толета. — Море, добро најду, побратиме Мирче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Таа ли е толку важната работа шо не исплаши со Крстета! — се провикна Толе и се удри в гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нема кај да го тура, бацко Крсте. — се провикна едно младо голобрадо момче од Врпско.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тогаш сите заедно ќе се вивнат, ќе запловат, ќе јурнат, ќе се размавнат, ќе скокнат и ќе полетаат кон Сонцето, Месечината, ѕвездите, ќе појдат над Атлантикот и Медитеранот; над полињата, дивината, градовите и населбите; кон спокојот на небото, со раскрилените пердуви, трескавичниот шум на телото од леталото, ерупцијата на вулкани, во застрашувачката, трескотна грмотевица; отпрвин трепет, колебање, потоа возлет, издигање, чудесно наднесени ќе се засмеат и ќе си ги провикнат имињата во просторот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислам тоа беше моментот кога една несреќница се провикна: „Гледајте жени со што се храниме! И тоа на Прочка!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откако ќе сретнеа некого кого од поодамна не го виделе луѓето ќе се провикнеа: „Од каде ти сега овде, па згора на тоа уште и жив?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ама веднаш потоа, како ровја да го удрила, туку се провика: „Аферим, светол пашо, аферим. Согласен сум, да!.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И ми доаѓа да викнам и да провикнам: Луѓе, луѓе, о луѓе!... Каде сте, бре, луѓе!!! Нема одѕив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И би час - удри барабанџијата, а царскиот гласник се провикна: - Чесни мажи од Земјата Езерска!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)