примопредавање (ср.)
Го остави јадењето жената и се изврши примопредаја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Преку конецот се вршела првата примопредаја на кумството.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој и самиот беше навремено известен за враќањето на владиката, но на тоа гледаше како на технички податок, со оглед на битните задачи, коишто поради примопредавањето и инсталирањето на новата власт на островот, веќе му се наоѓаа во задоцнување.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)