прилично (прил.)
Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
86. Оние карактеристики кои Мисирков ќе ги повтори и кон крајот на својот живот бездруго се однесуваат на бугарските студенти во Русија, кон кои беа приклучени и некои Македонци коишто навистина беа во поголемиот број опфатени од социјалистичките идеи и, според тогашните сфаќања, се однесуваа прилично нихилистички кон националното прашање воопшто.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Како историчар, современик и учесник, Мисирков успеал, без вообичаената историска дистанца, прилично точно да го определи местото на овој процес и неговите основни координати во македонската национална историја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Собата е во новоизградена куќа, добро подредена и дава впечаток на прилично имашлија куќа.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Но ниту тој, вака остарен и истрошен, беше некој цврст косач, ниту пак Бојан, петнаесетгодишно момче, можеше да се нарече косач, зашто иако прилично израснат и зајакнат, уште немаше некакво косачко искуство.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Водата се носи на грб, в раце, се чека со часови на некоја чешмичка или извор, затоа лѓето штедливо ја трошат, а туризам без вода е прилично тешко да се развива.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Австријците се родени туристи. Иако беше прилично доцна кога пристигнав во хотелот, гостољубивиот домаќин направи сѐ да нѐ пречека најсрдечно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа беше една подвижна трпезарија, условно прилично чиста, со сите санитарни јазли.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И така се најдов над една подводна карпа, во прилично длабокиот вир.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Секоја од нив има име, лик, свој посебен карактер и прилично возбудлив живот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Од Виданови Извори истекува прилично многу вода и по добро опкопан, а порано и редовно прочистван канал, кој се провира под Пазарџиски Пат, долу, кај Топоски Брестови, се влева во Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На втор ден Водици, или уште како што ги викаа во сета Пелагонија Женски Водици (дека за разлика од првиот ден кога на посета кај роднините и светијоните оди машка челад сега одат жените и децата) во 1857 година, кога го закопуваат Ангела Јанчески, последниот старец од петтото колено броејќи наваму од населувањето на првите Турци во Потковицата, гробиштата на Рамник на Горник се прилично намножени и може, мерено од око, во должина и во ширина покриваат простор и до триста метра.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е прилично голема ледина, околу наоколу оградена со длабок ендек.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Партиите течат прилично изедначено. Играме во тишина, и никогаш, за сето време, јас не те гледам во собата за време на играта.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Не ти е прилично во униформа да бидеш труден.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Дедо ти имаше прилично среден живот, без поголеми нервози, - додаде со поспокоен глас.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Некаде над мене, над куќата, прилично далеку, синевината некако се згуснува во една точка. Сѐ повеќе и повеќе.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се чувствувам, прилично поласкано, морам да признам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)