прилепи св.

прилепи (св.)

Тој се прилепи до браздата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Значи, по мене стрелаат - рече Трајче и уште посилно се прилепи во браздата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но веднаш потоа избувна оптегнат лаеж на друго куче, а со него пак се повтори и му се прилепи дебелото, татнежливо лаење на кучето што прво се огласи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кучката се прилепи до земјата, па мавтајќи со опашката, како да мете зад себе, почна да лази кон децата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Фордот“ се прилепи до мене и, штотуку сакав да протестирам, кога од колата на македонски јазик, некој ме праша: - Како е скопјанец?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Темноцрнопурестите Алжирци и Тунижани и луѓе од други народности од некогашните француски колонии се вистинските господари на „Пигал“, од каде Французинот бега за да не му се прилепи срамен белег...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Професорката бавно го заврте клучот и се уште со очилата прилепени за окцето ја држеше отклучената врата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ќе ја прилепиш до грнето, вели, и тоа цел ден ќе врие, ќе поткашлува како стар човек, поднастинат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега фустанчето го крена уште погоре над колениците и си се загледа во белите ципи на нозете кои беа прилепени една до друга како образ до образ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Самракот однадвор е сѐ уште посветол од темницата во собата и можам да го видам нејзиното лице, прилепено на прозорското стакло, и разголениот врат, во бледиот, умирачки здив на денот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Хауард Реинголд (Howard Rheingold), калифорниски автор на текстови за симулација на стварноста со компјутерска технологија, во врска со тоа го вели следново: „Пред да влезете во тапацирана комора и си ги ставите очилата, ќе облечете лесна и проѕирна облека, како некаков чорап, што се прилепува за телото.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Аксиом на самореализација попатно ѝ е прилепен на работата дома: човек нешто значи само ако е во бизнисот. Немате активност, немате идентитет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Маската му се прилепуваше за лицето. Жицата го гребна по образот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лекарите дотрчаа по Дејан во лежалката и од привидот сите се соживеаја со случајот и се прилепија кон валканите плочки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа со врвот од јазикот го преземав и го прилепував на непцето, па го размазнував и со неопишлива сласт полека го голтав, држејќи ги очите што подолго затворени зашто така ми се чинеше дека насладата подолго ќе трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со лицето прилепено на прозорското стакло ги гледав пределите низ кои поминувавме, а тие толку брзо поминуваа пред моите очи, како некоја филмска лента.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)