прилежност (ж.)
Но се случуваше да згреши понекогаш нешто во работата и мајсторите заборавајќи на неговата поранешна прилежност и трудољубивост, почнуваа со истата жестина како и другите помлади да ги караат и да го навредуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одвај беше важно дали е агент на Полицијата на мислите, или само шпион - аматер поттикнат од прилежност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Моето поткренато расположение се должи на една црна машина, компресор, со кој сега го копаме бунарот, како и на прилежноста на уште двајцата нови работници, по потекло од Пустенец.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)