прибран прид.
прибере св.

прибран (прид.)

Тој не беше пијан, ниту некој од оние неранимајковци, што ветер ги вее. Сосема не. Прибран човек. Темелен. На место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Меѓу првенците стекнува почит и име на човек прибран.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прибран, окуражен малку, заедно со своите кучиња, Бојан се спушти кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Не сум сам, со кучињата сум... Имам оган!“ се силеше Бојан, трудејќи се да остане ладнокрвен, прибран.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грците се прибраа, вели, само нашите не се прибрани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чана е прибрана во истинатото брложе крај мајка си со стисната уста и со многу болка во срцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Седна како што седнуваше секогаш на работ, со прибрани колена и со рацете пуштени во скутот, а потоа, кога почнуваше да зборува, лицето му стануваше повозбудено, малку запалено, и десната рака ја ставаше горе на масата. Јас бев воздржан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој се накашла и рече прибрано: „Анамата Атиџе, добра е?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се појави Лена. Ми се стори, без брзање, и туку плесна два-три пати со дланките и прибрано изговори, мирен Гаро, на што ѕверот, за чудо, се поколеба, се заврте лево-десно, а опашката и застреланите уши му се олабавија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Нем“, се инаетеше Миклош, ама се ѕвереше без здив во високите, стрми карпи, намигнувајќи му ѓаволесто на гавазот што каскаше прибрано покрај нив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас продолжив да го гледам. Се трудев да не биде тоа презрив поглед, туку само прибран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
– Сите овие пречки, според законот на условеност, човекот треба да ги надмине, достигнувајќи прибраност, преку која се доаѓа до самоодрекување кое, пак, е услов да се достигне смиреност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги гледа прибрани, исчешлани и облечени за постудено време, како облечени и да спиеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Та си седам јас овде под дивјачката така прибрано, а ти, те слушам, пак по некое време „Фиу, фиу...“ ми чиниш, сакаш да ме натераш да ти кажам дека сум те чула, ама јас пустата не те чув.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И во ова утро везирот беше уморен и ненаспан, ама мирен и прибран; клепките му беа тешки, а лицето како заледено во свежината на утрото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)