прибележи (св.)
„тигарот“ го пишувам со истиот црвен фломастер со кој и го прибележав мојот телефонски број на топлата дланка на девојчето.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Го топореше пред нив мајката Перса своето насмеано лице во исто време збунувајќи ги со зборовите дека по многу години пак ѝ даруваат ќерка, нешто што не му одмина на Атанаса, нешто што ќе го прибележи во својата тетратка за подоцна да бара одговор.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тоа не ми паѓа тешко не само што е блиску, туку и заради тоа што ми е интересно, ќе можам нешто да прибележам од старцине што везден се на тревата околу бараката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Навистина, што се случува со мене? се прашува поначесто Атанас, и сѐ понаретко го отвора Дневникот за да прибележи нешто.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Текстот на популарниот драматург го читав со двете очи. Значи читав и прибележував.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)