претопи (св.)
За да нѐ претопат нас, тие одбегнуваа да нѐ викаат со народното име.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Шумеше во потсвеста зрелата `рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше под маглата од која испловуваа меки кадри со исто таква боја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тука судбините на луѓето се слеваа и се претопуваа во една единствена, страша заплеткана судбина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гласовите ја губеа јасноста, се претопува во нервозен шум што звучно трепереше во ѕидовите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Многу паркови, многу зеленило, многу дрвореди и така бучавоста на градот се претопува и стишува во неговата зеленикава панорама.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Целата попатна панорама е исполнета со населени места: со градови и села, со населби, со индустриски објекти и нивниот крај не може да се догледа, зашто тој се претопува во нов почеток.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Само првиот потег – разиграно дете што мудроста ја претопи во насмевка.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Идејата беше-секоја половина за себе да впива нови сознанија, а по извесно време да ги претопи во новото соединување.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ги набљудувам низ стаклото на експрес – ресторанот како на сите страни се разлеваат и се претопуваат во Градот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во цврсто поврзаните фрази, линеарното претопување на тонови и вертикалната дисонанција, создаваат единствен спој на лингвистички линии кои се движат во времето една врз друга, како спирала.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Истото барање, пак прескокнувајќи неколку векови, повторно ќе го формулираат надреалистите, кои, парафразирајќи го Дорн, во еден од своите часописи ја испечатија зајадливата наредба: „Вие, на кои оловото им е во главата, претопете го и претворете го во надреалистичко злато.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Лонецот за претопување“ подразбираше дека Црнците треба да ја остават нивната историја зад себе и да станат дел од поголемото општество. Секако, тоа не се случи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од шеесеттите години па наваму го видовме неуспехот на идеологијата на “лонецот за претопување”“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бели вреќи: за топчиња од средна големина во нив живеат растенија се полнат во пиратска серија растеглива од еден до сто со претопување на крајно во спротивно крајот делото го краси.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А металните предмети, се разбира, се главно претопени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Од нас ќе остане
нашиот изопштен
и притаен одливок
мал како хаику, како врв
мал од што е далеку
- како сонце
тој жив талог
во којшто со време
сме се претопувале
грч по грч, капка по капка
крводарителски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Француските елитни кози во славна мисија да ја спасат Македонија, како некогаш нивните балкански посестрими се претопија во стадото на еден од поуспешните козари, сточарски бизнисмен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)