престолнина ж.

престолнина (ж.)

И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, – сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа се претвора во престолнина за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ја прегази, речиси, целата Хрватска, го опсади и презеде Сигет од Зрински и допре до престолнината на Австрија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој побрза да се стави на чело на својата голема ордија, која се готвеше да ја нападне австриската престолнина Виена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
МЛАДИЧОТ: И немам. Јас дури не сум сигурен ни дека тој се наоѓа во престолнинава.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Трново е град со триесетина илјади жители, еден од најстарите бугарски градови, градови, престолнината на Второто бугарско царство (од 1185 до 1396 година), а во јули 1393 година на тримесечната разурнувачка опсада паѓа во рацете на Турците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа ноќ, бодро чекорејќи кон хотелот, надлежниот писател од престолнината чувствува дека престојот во Северните шуми добро ќе му користи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Го познаваа под името Константин Анастазис, учен патрициј пратен од престолнината да управува со нашата провинција.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Затоа, во московската Јелоковска катедрала, која е најголемиот православен храм на престолнината, Бренер подели летоци во кои ја објави својата подготвеност да ја ослободи Русија од големото бреме, преземајќи лична одговорност за нејзините злосторства и за нејзината ненадареност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Признавам, самиот дознав многу новини бидејќи им се зачудив на патиштата по кои во престолнината можат да се дознаат административните новости.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Големите, пресудни, независни, надредени држави на дванаесеттемината за своите манифестации имаат поѕвонливо, ултимативно име - културна престолнина на Европа!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште во почетокот на април 1903 година, дваесетина дена пред атентатите, грчкиот конзул во Солун Евгенијадис го известува министерот за надворешни работи во Атина за гласовите што се шират во градот дека по неколку дена ќе бидат предизвикани безредија во македонската престолнина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Му го посветувам на Владимир Георгиевски Среќен беше Сликарот, професорот по Убави уметности од Скопје, што го диши воздухот на Истанбул (некогашната престолнина на големата турска империја).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Подоцна еве се случи да се среќававме и кај Зелено пазарче, овде во престолнинава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ние навистина бевме соседи во родниот град а сограѓани па дури и соседи овде, во престолнината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лила нема потекло од престолнината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе