прерамка (ж.)
Кусите пантолонки, испарани на неколку места одзади од напонот на снагата што растеше, ги крепеа две прерамки врз голиот и подгорен грб од сонцето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дончо другата стомна ја накреваше само за да ја претури во себе онака седнат над сламарникот, веднаш по отворањето на очите и откако ќе се проѕевнеше, откако ќе си ги навлечеше кусите пантолони со прерамки врз голата снага, со цела франџола леб и голем комат сирење, излегуваше во дворот оставајќи си го гласот зад себе На ректа ки са мијам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Покрај големото расчекорено железо стоеја двајца чичковци во сини панталони со прерамки и избледени сини капчиња врз главата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Таму, на пожолтената слика на целото семејство направена пред којзнае колку години, важно пред повеќе од половина век, на некој празничен излет, е тој, дете со црни, тркалезни љубопитни очи, во доколенки и куси панталони со платка и прерамки, припиено до мајка си. „Ова е брат ми, ова другиот брат...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Откривањето и покривањето на прерамката така се претворија во знаци на интерпункција на разговорот што го водевме тоа пладне.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Му ја подадов белата маица на прерамки во која имав спиено претходната ноќ.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)