препречи (св.)
МАНОИЛ: (Ѝ го препречува патот) Стој, ти си моја жена и без моја дозвола не можеш да ја напуштиш оваа куќа. Ти тука ќе останеш!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Потоа, притрчува кон Милка, сака да и’ го препречи патот и да ја истурка од собата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Заминуваше, носејќи ја својата збигорена улетнатост во градите, сега веќе постојано свесен за сите оние стреловити препречувања на неговиот пат, во кој дивината сепак ниеднаш немаше смелост да му излезе пред погледот на чист дофат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И гледам - ридот пак ѝ ги препречил очите на Билјана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Клаена сум во чудо. Некоја осојница ми застанала овдека, вака, ми се препречила.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во едно сокаче, глутницата градски пси му го препречи патот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ја открилувам полека вратата, а една жена ми го препречува патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— А ја не акушерка, вели полицаецот и ни се препречува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш ме начека на тесно, што се вели, ми го препречи патот и — нема бегање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стивенс стрчна за да ѝ го препречи патот, но таа навлезе во честакот, му се скри од очите шумејќи низ гранките при бегањето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Секое зајдисонце, Мајката го испраќа со придушен плач, иако го претчувствува неговото раснење: детето-змија мора да си ја проверува силата, да ја совлада сопствената судбина: - во седната година, ќе му го препречи патот распашаниот Мечок.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Учителот не се врати од планината. Сигурно му го препречил патот големиот снег. Лавината. Никој не знаеше што се има случено на враќање.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Присуствуваме на паниката на една моларна патријархална организација на „единство”, која веќе не знае како да ја одржи на едно место старата структура на општеството и да ја препречи новата, молекуларна, која се навестува и наспроти патријархалната волја.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Една црвена тркалезна самогласка утрово ми се препречила како коска во грлово и сега само аам и еам, само иам и оам, само уам...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ова е, конечно, таа река, таа Сена, самогласник препречен в грло, заедно со тебе загледан во мувлата зелена на домот заборавен.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Колку и да се итри, пргави и брзи, мислата им оди споро, дури и наназад, ако ја пресретне друга и ѝ го препречи патот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Траверза- препречница, која како попречен бедем се спротиставуваше на секој отпор, при тоа препречена во ходникот на животот му се спротиставуваше, истовремено потпирајќи го како негов главен р`бет, столб на кој животот се држеше.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)