препрека (ж.)
Тоа беше најголемата препрека на неговиот пат, беше една бескрајна угорница, што знае на човека да му ја дотера душата до носот и при летно искачување, но тој сега мораше да ја совлада неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаев дека Билјана цел живот ќе оди, ќе се искачува преку сите ридови и планини, преку сите препреки што ѝ пречат да гледа подалеку.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Имено, може да се смета дека оргазмот е кулминација на прилично долг психички процес, полн со препреки, којшто кај невротичниот пациент, доколку страда од импотенција или фригидност често не се довршува.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во стварност, најголемата препрека била помината во моментот на Гедел му светнала искрата на интуиција дека е можно да се создаде едно вакво тврдење.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Споменатите американски автори се служат со класичната психоаналитичка терминологија - его, супер-его и ид, за која сметам дека поставува непотребни препреки за разбирање на случајот; описот на пациентката изгледаше како токму нејзе својствен начин на гледање на себе, не како наметнат или сугериран.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во налети доаѓаше од северната страна, удираше во кувертите, во вреќите, во хартиите што му беа ставени како препрека.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во една таква шамата не ги ни чуја шлапкањата надвор по вировите, ама кога во влезот се растропаа котлиња кога некој не ги погоди басамаците и бапна во темницата, многу глави се свртеа кон влезот во просторијата на кој немаа ставено препрека.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
238 Како дел од операцијата „Хелиум“ единиците на НОВ и ПО на Македонија требало да „направат што повеќе препреки на патот така што непријателот потешко би можел да ги премости.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Кога се роди сонцето денеска се срушија сите препреки што беа наѕидани во низ во претходниот кобен ден. Се обелија сите темнини.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Границите може да имаат различна сила, од челични бариери до мали препреки (на пр. рампи на железнички пруги, итн.): „Границите како пречки можат да се сфатат како буквални содржатели или исклучувачи на луѓе, предмети или информации (на пр. затвор, паричник или кодирана документација).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Доктор Гете (кој тогаш, на пример, пред една пациентка, која бесцелно се движеше по собата не застанувајќи, ја испружуваше својата рака попречувајќи ѝ го патот, а таа се наведнуваше, совладувајќи ја така препреката, и продолжуваше брзо и бесцелно да чекори по просторијата) одговори: „Мојата цел не беше да натерам некого да се запраша зошто го правам ова, туку зошто пациентката реагира така како што реагира.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таман ќе се решам дека е добар едниот, наидувам на препрека која ме враќа назад.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Врати се Врати се, ако срцето вели така, кога патот до мене ќе стане предолг, кога копнежот ќе ги разбие сите препреки, на твојата стрпливост.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)