пренебрегне (св.)
Да ја пренебрегнува човек положбата што ја има заземено Србија во македонското прашање и нејзината улога во македонската национална преродба е лекомислено.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Зашто она што ја истоштува душата на создавачот ја пренебрегнува душата на читателот ако притоа не го создаде сопственото исцедување во миговите на контактите со овие песни.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Уредникот треба да биде човек достоен во секој поглед, познат по својата усрдност и верност, кој ужива литературна слава без оглед што се наоѓа на државна служба, готов за корист на владата да го пренебрегне јавното мислење и почитување заради цврстото убедување во нивната целосна некомпетентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Пренебрегнувањето на таквите можности, она што историски гледано го правеше теоријата на преведување, само ја перпетуираше нејзината неадекватност.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Треба многу да го мачеше мислата дека еден дрслив Сандре кметува, а тој - роден да воспостави ред и да и создаде авторитет на власта - станува пренебрегнат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)