пренатрупан (прид.)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Здодевноста на двете деца затворени во темната, пренатрупана соба за спиење стана неподнослива.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не, не ме измачуваат проблемите со кои е пренатрупан мојот случај, повеќе ме загрижуваат настаните што ќе уследат. Мислам на Даскалов, на Боге од Бањи!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во луѓето повеќе ја нема срдечноста, шармантноста, топлината и трпението, а за разлика од нив пренатрупаноста со проблеми и потребата за брзо решавање но со краток ефект, предрасудите, разликите, зловолноста, вициозноста, расипаноста се позабележливи од било кога порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Си одбрав век за самување Крај пренатрупани куфери За заминување Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Не купија книги. Заминаа по улицата пренатрупаната со луѓе.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)